Ратевци сами ќе одлучуваат дали се за приклучување на Регионалниот водовод!?

Денеска, во с. Ратево, разговарано е со жителите од селото, за решавање на проблемот со водоснабдувањето.

Темата на разговорите за приклучување кон регионалниот водовод е наметната бидејќи снабдувањето со вода од постоечкиот селски водовод, во летниот период, предизвикува проблеми со притисокот на водата, а во време кога има поројни дождови, проблем е и заматувањето и квалитетот на водата.

-Иницијативата за приклучување на домаќинствата од с.Ратево, кон Регионалниот водовод, со Бр.09-4129/1 од 01.12.2021 година, е разгледана на 4-тата седница на Совет на Општина Берово и по истата, советниците едногласно донесоа заклучок да се достави истата до Одделение за комунални дејности и заштита на животната средина при Општина Берово и до Одделение за правни и општи работи, да се провери дали се исполнети законските услови за приклучување, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

На денешната средба, после подолга расправа, без завршница, донесен е заклучок да се организира референдум, на кој жителите ќе се изјаснат дали се за приклучување кон регионалниот водовод.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*