Жителите од Маџир Маало в недела ќе ја продолжат традицијата на палење смреков оган за Поклади

На ден 6 март 2022 на повеќе места во Делчевско со поставување на таканаречени ,,Стреловишта” традиционално ќе се пали смреков оган по повод празникот Поклади.

По тој повод жителите на Маџир Маало ги покануваат граѓаните на заеднички собир и продолжување на оваа традиција на местото викано Чука, настан кој ќе започне во 19:30 часот. Организаторире за присутните имаат обезбедено топли напитоци, греана ракија и вино зачинето со звуци на блех оркестар.

Оваа традиција како што велат жители се практикува и во дел од останатите населени места во Пијанец.

Во архивата на видео мрежата YouTube успеавме да пронајдеме видео материјал од 2011 токму од од палењето смреков оган во делчевско Маџир Маало како и од делчевската населба Милково Брдо:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*