ЈЛБ „Илинден“ – Делчево и уште две библиотеки во државата добија вредни наслови од Агенцијата за иселеништво

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево и уште две библиотеки во државата добија вредни наслови од Агенцијата за иселеништво.

Овие вредни наслови остануваат во трајно користење на библиотеката, за што од ЈЛБ „Илинден“ упатија огромна благодарност до Агенцијата за иселеништво и до директорот на Агенцијата Слободан Близнаковски, за оваа донација.

-Библиотеката од денес има на располагање поголем број на наслови кои ќе бидат достапни на нашаите читатели. ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, и уште две библиотеки во државата добиваат донација од Агенцијата за иселеништво, што посебно не радува. Чест ние што токму делчевската библиотека е изберена од Агенцијата за иселеништво за донација на книги. Книгите во најбрз рок ќе бидат обработени и ќе се најдат на полиците на библиотеката, истална директорката Биљана Петровска која денес лично ја прими донацијата.

Инаку Агенцијата за иселеништво на РСМ во рамките на своите надлежнисти се грижи за зачувувањето и промовирање на литературни творби создадени на македонски јазик, но и дела на странски автори преведени на македонски јазик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*