Сеќавања – Патеписците за Царево Село!

Објава на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево:

СЕЌАВАЊА – ПАТЕПИСЦИТЕ ЗА ЦАРЕВО СЕЛО

Од познатите патеписни записи за Царево Село се издвојуваат патеписните белешки на турскиот патописец Евлија Челебија. Тој во пролетта 1662 година на поминување преку Царево село забележал:

„Од таму го пресековме Кочанско поле и по три часа ја преминавме теснината и дојдовме во селото ЧАРЕНА (Царево село).

Чарена на бугарски значи село на покојниот цар. Се наоѓа во подножјето на некоја планина. Тоа е село со стотина куќи, една џамија украсена со камено минаре. Од источната страна на тоа село тече река што минува низ градот Штип. Во тоа село се радував и насладував на вечерта, како гостин во куќата на Велибег, каде составивме добра дружина со првенецот Куруџиоглу и водевме срдечни разговори. Од таму пак одевме во источна насока и по половина час поминавме низ селото Амбарова (Габрово). Тоа е село со 40 муслимани и христијани, има една џамија покриена со ќерамиди која нема минаре.

Од таму тргнавме право нагоре, пак на исток го пресековме Вулче Јајлак, снежни борови гребени, што навеваат страв и ужасни планини.Одевме под боровите, врвот на секоја стрела наликуваше на стрела, која чиниш го допира небото. По 4 часа дојдовме до гратчето Орта Џумија (Горна Џумаја), во која има вкупно 200 куќи покриени со ќерамиди. Има голема џамија со 4 михраби. Има многу богомолци. Има 80 дуќани и има многу топли извори.

Од податоците што ги дава Челебија, може да се заклучи дека џамијата, иако во еден дел е реконструирана е најстариот објект во градот и дека постои од 1662 година. Бидејки при престојот во Царево село, кој како што се гледа од записот, бил само една ноќ, имал работа само со муслимани и затоа неточно констатира на едо место дека ова е муслиманско село. Во турскиот попис од 1570 година во Царево Село имало 50 христијански и 8 муслимански семејства. На патот од Габрово за Горна Џумаја, се гледа дека поминале покрај Градиштето кај Габрово, па преку превојот на Влаина и низ клисурата за Џумајата.

Руската патописка Мариија Карлова, од нејзиното патување по Македонија направила интересни забележувања.

Во тие белешки таа соопштува дека на тој пат не сретнала европеец.Тоа биле првите турски провинции. При средбата со жените тие ја загледувале, ја пипале по облеката, за косата, и и се чуделе. Ја прашувале има ли многу пари Русија, со што се хранат, дали е жешко, а немало ни едно политичко прашање. Таа забележува дека се пиело само ракија, поретко вино. Имало вино само од род до род. И можело да се најде само во манастирите. Ановите по патиштата биле примитивни. Од горе покрив, доли глина со огниште внатре, софра, рогожа за спиење и настрана јасли за добитокот од карванот.

При поминувањето нз Царево Село, спиела во гостилницата на аголот на Брегалница. Таа ноќ таму спиеле и некои луѓе кои биле на пат за собор во Рилскиот манастир и цела ноќ прикажувале. Царево село го опишува како главен центар на Пијанец, мало место, со 400 куќи од кои повеќето бие христијански, со џамија, но и со црква.

По местата што ги опишува поминала во есента 1868 годин. На патот за Царево село поминала од Рилскиот манастир преку бобошевскиот Св.Димитрија. Направила почивка во еден ан во село Ваксево, Бугарија. Минувајки покрај Острец, таа забележала: „Целата таа месност се вика Пијанец. Таа е забележително еднородна, затоа што планините не претставуваат остри врвови, една не е повисока од друга и сите се покриени со зеленило. Тој ден освен Ваксево, не сретнала други населби. Во таа глува месност поминувале често патници, затоа што кога се прибложивме до Острец, поминавме кај двајца селани со овчи шапки кои работат на полето. Тие ги фрлија шапките и еден од нив извика: – Боже мили уште какви луѓе имало на светот?“

Патеписни белешки на Васил Кнчев:

Интересни податоци за Царево село и неговата околина можат да се најдат и во попатните белешки на Васил Кнчов во 1890 година. На патот од Џумајата за Царево село, минувајки ја планината Влаина ќе забележи: „Коњите одвај се двиеа по стрмнините, иако тоа беа планински коњи и навикнати на лоши патишта. Во почетокот одевме низ густа гора од габер, леска и дрен, а потоа навеговме во појасот на убава бука. Густата темна гора ни влеваше страв. Влаина не е гостопримлива планина. Покрај патот има гробови, каде што почиваат коските на лоши патници.

Власта се трудела да изгради џаде преку Влаина, но пат не е направен. Местото не е за џаде. Малку што на север има подобар преод кој се вика Клисура, но по него не е правен патот, бидејки е блиску до границата. Туку што поминавме стотина метри се појавија 2 нови гроба. Во нив биле закопани двајца трговци, кои биле убиени од ѕверовите.

Тие селани се божем овчари, но изненадно ги напаѓаат патниците. И кога ми кажаа дека треба да поминеме низ селото Ѕвегор, јас целиот истрпнав.Спуштајки се кон Ѕвегор, минувавме низ шума од големи букови дрвја. Во врвовите на ридиштата се слушаа гласовите на пастирите – ајдуци, кои ги караа стадата кон кошарите. Во темнина стигнавме во село Ѕвегор. Од Ѕвегор кон Царево село минувавме покрај ниви, ливади и сливови бавчи. Брегалница беше заобиколена со пространи оризови ниви.

Во Царево село преспавме во еден недоврашен ан. Главното место во Пијанечко е Царево село.Таму има околу 100 христијански куќи. Населено е на левиот брег на Брегалница. Низ сред-село минува долга и доста широка, но крива улица од исток кон запад. Од двете страни на улицата има еднокатни и двокатни куќи. Кон средината на селото, на една пољана се наоѓа пазариштето обиколено со високи анови и бакалски дуќани.

Секоја сабота тука се одржува пазарот. Има една џамија и еден мектеб, а христијаните една црква и едно училиште. Според едно народно предание, селото кога не било потурчено, се викало “Василево“.

На друго место истиот автор има запишано:„Пијанечкото поле е вградено во шумови планини, икрасено со убави населби, покриено со шарени ливади, најгрижливо обработени ниви и овошни градини. Наликува на една голема цветна градина која е преку целото лето зелена. Во таа котлина се офгледуваат лозја, затоа што е убаво заштитена од севернитеб ветришта“.

Ѓорче Петров за Пијанец и Царево село 1896 година

Во својата книга „Материјали по изучувањето во Македонија“ издадена во Софија 1896 година, помеѓу другото, Ѓорче Петров ќе забележи:

„Пијанец е планинско подрачје. Земјата е гола, скалеста и непроизводна. Дрвенеста растителност се среќава поретко. Во клисурата покрај Брегалница има многу овошни дрвја, најмногу сливи. Главно занимање на населението е сточарството. Под Царево село се простира полето на Брегалница кое е богато со растителност. Тоа служи како итарица на Пијанечко. Десниот брег на Брегалница е покриен со бавчи од овошни насади слива најмногу. Сливите ги печат во посебни печки и ги продаваат во Кочани, Штип, Струмица, Грна Џумаја, Мелник и Велес. Близу до Царево село се наоѓа и руѓевина на една стара кула, која населението ја наарекува „Маркова кула“. Ѕидовите до половината и стојат здрави, а широка е 9 метри. Местото околу неа е разработено. Тука се наоѓаат многу стари римски пари. Преданијата не кажуваат ништо за таа кула, но по некоја веројатност, таа е остаток од старите римски стражарници. Слична кула има и во село Тработивиште.

Царево село има 300 куќи од кои 220 се турски а 80 македонски. Во селото има една црква и една џамија.Населението се занимава со земјоделие и сточарство.Царевоселци се многу работни. Секој од нив ја ора нивата 3 до 4 пати пред да ја посеат. Со таква трудољубивост тие ја разработиле земјата, како по долината, така и по околните стрмнини, па таа и повеќекратно им го наградува трудот.

Во источниот крај на Царево село, има неколку дуќани кои ја сочинуваат чаршијата. Жителите тргуваат најмногу со маслени производи, со сливи и жито. Пред 25 години продавале многу борина, но откако излезе газјето, таа трговија престанала. Царево село некогаш се викало Василево.

Според бугарскиот историчар Јордан Захариев кој во времето од 1929-1934 година собирал податоци за северниот (Ќустендилскиот Пијанец), дава одредени одатоц и за брегалничкиот Пијанец, објавени во Софија 1949 година. Тој забележал дека брегалничкиот Пијанец останал чисто селска покраина. Пазарниот центар на таа покраина, Царево село, не стигнал повеќе од големо село. Пазарот во Царево село бил слаб, па таму се одело на пазар по поситни работи.

Според турските документи, Царево село во 1900 година имало 35 дуќани, 5 анови, една црква и една џамија. Имало и стар владичин ан, со 4 соби, една воена болница, една касарна, телеграфска врска со Пехчево и Кочани, а кон границата со Бугарија, една поштенска служба, една управа за даноци и една полициска станица.

Според статистичките податоци, во последната деценија на XIX век, Царево село, како центар на Пијанец има 200 муслимански куќи и 70 православни. На турски јазик се зборувало во 85 куќи, на македонски во 170 и на ромски во 15 куќи. 70 куќи припагале на егзархијата. Во официјалните османлиски податоци за 1900 година, за гратчето Царево село, се наведува дека имало вкупно 200 куќи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*