Изложба на карикатури в понеделник (7 март 2022) во М.Каменица

Во понеделник (7 март 2022) со почеток од 13 часот во фоајето на Домот на Културата во Македонска Каменица ке биде отворена ликовната изложба на еден од најпознатите македонски и светски карикатуристи Миро Георгијевски со наслов “Корона”.

Георгијевски е еден од најуспешните македонски карикатуристи и добитник на многу признанија кај нас и во светот. Во Кина ја има освоено наградата “Мајстор на карикатура” и е прогласен за еден од стоте најзначајни карикатуристи во светот. Во 2011 година од ЗКМ, Миро е прогласен за карикатурист на годината, а на седмиот Меѓународен загребски салон за автокарикатура во 2013 година, за својата карикатура, добитник е на првото посебно признание.

Ги покануваме сите љубители на карикатурата заедно да ја отвориме оваа ликовна колонија притоа запазувајки ги мерките за ковид-19 и носење на заштитни маски, се вели во објавата на КИЦ ,,Романса” од М.Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*