
Со концерт на Ансамблот ТАНЕЦ, Националната установа ,,Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од Делчево ја отвора богатата културна понуда која ќе следува во наредниот период.
Концертот е по повод 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев, а концептот како што најавуваат од Танец е наречен „Изворни минијатури”, кој ќе ја следи целата нивна пролетна концертна серија низ државата.
-Во овој циклус посветен на изворите, Танец ќе изведува програма конципирана од фрагменти, односно автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот (песни и ора како Адана, Тоска, Трченица, Ситното, и неизоставно формите кои се заштитени во УНЕСКО, како пијанечкото оро Копачка и машкото двогласно пеење од Долни Полог), истакнаа од најреномираниот македонски културен амбасадор.
Повеќе детали за концертот од делчевската установа најавија за в понеделник.

Leave a Reply