Во напредна фаза проектот за Дигитализација на Социјалните услуги за грижа на стари и изнемоштени лица во руралните средини во М.Каменица

Во напредна фаза иновативниот проект кој за прв пат се спроведува на територијата на Општина М.Каменица ,,Дигитализација на Социјалните услуги за грижа на стари и изнемоштени лица во руралните средини” финансиран од страна на Цивика Мобилитас, а го спроведува Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ од Македонска Каменица поддржан од општина М.Каменица.

-Во предвидените активности на проектот обезбедени се 50 GPS нараквици, техничка опрема за Диспечерскиот Центар, веќе имаме обучен мобилен тим кој работи на терен во руралните средини, обучен диспечер, стручни лица: Социјален работник, психолог и изработка на социјална карта за стари и изнемоштени лица во руралните средини заедно со Здружението на пензионери од Македонска Каменица, истакна Миран Митревски, претседател на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″.

Проектот како што додаде ќе продолжи со реализација во Македонска Каменица, со набавка на 30 нови GPS нараквици со поддршка на општина Македонска Каменица и со тоа ќе се покрие целата територија на Општина М.Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*