Потпишан договор за изградба на улица во Туристичката населба ,,Беровско Езеро”

Општина Берово ја започнува постапката за најавената реконструкција на улицата ,,3” во туристичка населба Беровско Езеро. Активноста ќе се реализира со средства обезбедени преку Бирото за регионален развој, во рамките на Програмата за регионален развој за 2021/2022.

-Средствата се одобрени преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион, а со овој проект, на почетокот на градежната сезона, продолжуваме со подобрување на условите за развој на туризмот, како стратешка гранка за развој на Берово. Проектот опфаќа реконструкција на улицата, во должина од околу 510 метри, со  проширување на постојната коловозна лента, истакнаа од Општината.

Со проектот очекуваат подобрување на инфраструктурата и пристапноста до објектите за развој на туризмот во различни области, кои ќе придонесат за побогата и разновидна туристичка понуда во рекреативна или спортска смисла во источниот регион.

-Бенефит од истиот, ќе имаат туристите, посетители, љубителите на природата, здравиот начин на живот, планинарите, семејствата кои викендите и слободното време го поминуваат во природа, сопствениците на угостителски и  сместувачки капацитети, како и производители на здрава храна и на сувенири, додадоа од општина Берово.

Најповолниот економски оператор, се очекува да биде воведен во градба веќе следната недела, а за таа цел како што додадоа денес беше потпишан Договор заедно со претставници на Центарот за разој на Источно-планскиот регион. Според планираното проектот ќе чини потрошени 4,3 милиони денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*