Ликовна работилница со младите од М.Каменица

По повод 8 ми Март меѓународниот ден на жената во Домот на Културата се одржа ликовна работилница со ученици од О.О.У”СВ.Кирил и Методиј” и С.О.У.”Миле Јаневски-Џингар”.

Активностите се реализираа под менторство на наставничката Сањица Левковска и координаторот за еднакви права Весна Дончевска.

Ликовните дела кои денес без изработени од учениците ке бидат изложени во фоајето во Домот на Културата.

По завршувањето на ликовната работилница сите ученици учесници заедно со менторот и координаторот од КИЦ ,,Романса” добија благодарници за соработката во областа на културата и афирмација на Општина Македонска Каменица.

Кога сме кај изложбите, во организација на КИЦ ,,Романса” во фоајето на Домот на култура, вчера беше отворена изложбата ,,Корона” од познатиот карикатурист Миро Георгијевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*