Осмомартовски подарок за 5 читателки од ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Јавната локална библиотека ,,Илинден” по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената на 5 свои читателки успешни во својата професија им подари книги. По тој повод директорката Биљсна Петровска истакна:

Жените се вистински архитекти на општеството. Тие се целосен пакет. Во нив се наоѓа моќта да создаваат, да се грижат и да менуваат. Жените се лидери, каде и да погледнете, од високи позиции во големи компании, до домаќинки кои ги одгледуваат своите деца и се глава на семејството. По повод 8-ми март, денот на жената, ЈЛБ „Илинден“ , избра 5 свои читателки од различна професија, сите успешни во својата професија, домаќинки, жени кои покрај сите секојдневни работни и домашни обврски и во ова брзо време во кое живееме, сепак наоѓаат време и да читаат и тоа многу и брзо. Избравме жени читателки од МВР, образование, здравство, администрација и текстилство.

Тие денес се наши гости, од библиотеката добија книга и цвеќе како подарок.Тоа се: Андријана Димитровска, Сунчица Димитровска, Дафинка Тутунџиска, Јасминка Ивановска Брндевска и Снежана Трајкова. Посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читателки.

Од име на ЈЛБ„Илинден“, на сите припаднички на понежниот пол им го честитаме денот на жената.

За крај би цитирале една силна жена, Маргарет Тачер која вели „Доколку сакате нешто да кажете, побарајте го тоа од маж.Доколку сакате нешто на направите, побарајте го тоа од жена“, рече Петровска по повод денешниот настан:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*