Белешки за Царевоселци – Сеќавања на Драган Арсов

Објава на ЈЛБ ,,Илинден”

СЕЌАВАЊА
на Драган Арсов
БЕЛЕШКИ ЗА ЦАРЕВОСЕЛЦИ

Пред 30 години, понекогаш седев со пензионерите во Делчево кои беа родени околу 1900 година, а некои и порано. На клупите пред Стоковната куќа и на други пригодни места, разговарав со нив за минатото на Царево село. Во разговорот од нив дознав дека поголем дел од занаетчиите и трговците на Царево село помеѓу двете светски војни, потекнувале од семејства кои не се староседелци во Царево село, сегашно Делчево, туку дека се дојдени од други места во Македонија. Тогаш си поставував прашање каде отишле старите староседелци, занаетчии, трговци и интелектуалци. На нивно место придошле други луѓе кои се занимавале со тие професии.

Одговорот го најдов кога подобро ја прочитав двомесечната слобода на Пијанец од османлиското владеење во 1878 година. После тој настан плашаејќи се од одмазда од турската власт и башибузуците, христијанското население од Царево село и од поблиските села, масовно побегнало преку демаркационата линија на територијата на Бугарија, која тогаш била под управа на руската војска. Само од царевоселско побегнале над 700 души. Побегнале најимотните, сите што биле замешани околу 64 дневната слобода на Пијанец, голем број од занаетчиите, трговците и свештениците. На нивните имоти и во нивните куќи се доселиле Турци и Помаци од Бугарија кои бегале пред ослободителните сили на Бугарија.Тогаш било населено царевоселското Маџир маало или во поново време трети реон.

Според сеќавањата на постарите, поголемиот дел од маџирмаалци биле доселени од Пелатиково во Бугарија. На места на побегнатото христијанско население се доселиле Турци и Помаци (потурчени христијани) од Бугарија. Но за тоа немам доволно податоци. Присилната миграција на христијанското население од нашиот крај кон Бугарија не е доволно обработена.

По двомесечната слобода на Пијанец од 1878 година, постепено во Царево село започнале да се доселуваат луѓе од селата кои започнале да обавуваат разни занаети и да се бават со трговија. Тие доселеници ги заземале местата на побегнатите царевоселци по двомесечната слобода на Пијанец.

Помегу двете светски војни имало неколку семејства кои држелезанаетчиски дуќани и се занимавале со трговија. Тука ќе бидат спомнати имињата на повидните семејства кои се бавеле со занаетчиство, трговија и угостителство во тоа време во Царево село и местото од каде се доселиле тука.

Од Вирче:

Од Вирче во Царево село се доселиле Мајсторчевите кои се занимавале со трговија. Дедо му на Брицо, Мите се занимавал со грнчарство, а татко му Зафир со берберство. Според податоците од постарите во Вирче се дојдени и Мавродиевите и семејството на Спиро Иќин кое држело кафеана и Котевите.

Од Град

Меѓу двете војни познат трговец во Царево село бил Јованчо Икономов, чие семејство е дојдено од Лешница во Град, а од таму во Царево село. Според кажувањата на постарите, Јованчо бил многу почитуван, затоа што услужувал секого, на секого давал вересија, но и никој не му останувал должен. Од Град дошле и Ралупци кои се занимавале со терзиство и самарџиство. Од Град е и Коста Сребров, тенеќеџијата и Каменарот кој имал голем имот околу Царево село.

Од горни Црквенец, село кое сега не постои а се наоѓало помеѓу Стар Истевник и Вирче, се дојдени Арсовите, семејството на учителот Санде.

Од Истевник се семејството на Димитровите,и на Ванко берберинот.

Од Тработивиште се дојдени семејствата на Гоге мечката, шивач. Од таму дошле и Белогасци,Љубен сликарот и други кои веќе не живеат тука.

Во Царево село познати трговци биле Чимевите, кои се дојдени од Илиово и Миленковите, дојдени од Трстија.

Од Киселица се семејствата Киселички и Реичките.

Од Косово Дабје-Шопјето се Димитровски Ристо, татко на Љаљата, Димитровски Лесо, служителот на осмолетката, татко на Слободан ветеринарниот лекар и Димитровски Стојан, фурнаџија, татко на Никола Тркалето.

Од Грлана се Грланци а од Ватрен се Жабите и Цоневите на Блаже и Ванчо судијата.

Најмногу доселени има од Биглата, Шајтањето, Уџусци, Стојан берберино, Јосифови, Веселинови, Гулаците, Иљо Васков, фурнаџија и други.

Доселени од западна Македонија се слаткарите Филипови и Дамјанови. Од таму се доселени и Таќевите и Симионовите кои држеле воденица на Габровчица.

Сугаревите и Симичовите, по кажување се дојдени од Буарија. Николачко Чорбаџиски имал голем имот, земја, бавчи друго на кои имал и работници. Од него е Маца Чорбаџика, мајка на шахистот Павле Видев и на Мирослав, кој отишол по Америка.

Јован Мухтијата, богат царевоселец, кој имал 2 ќерко кои се омажиле во Сугаревите и Киселички.
Каменарот, богат царевоселец со голем имот на кој се наследници семејството на д-р Тренчев.

Стамболисци, поекнуваат од Стамболискиот рид од Црквенец. Стамболиски Иванчо бил многу актвен во двомесечната слобода на Пијанец, а потоа како бегалец бил џандар во Ќустендил.

По двомесечната слобода на Пијанец, скоро сите попови од Царево село се нашле на служба во Ќустендилско, а некои и како учители.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*