БЕРОВО: Потпишан договор за набавка на специјално возило за справување со природни катастрофи

Во рамките на имплементацијата на проектот „Волонтери преку граница“, потпишан е договор за набавка на специјално возило за спасување од природни катастрофи. Специјалното возило ќе биде набавено со два посебни модула: модул за гасење на шумски пожари и модул за чистење на снежни наноси.

Општина Берово е лидер партнер во проектот, а партнер од Република Бугарија е невладината организација – здружение на граѓани „Заедно за Сандански“.

Договорот е склучен помеѓу Општина Берово и компанијата со долгогодишно искуство во набавка и дистрибуција на специјални возила- ,,Медис” од Софија, Република Бугарија.

Проектот “Волонтери преку граница“ (Volunteers across the border), CB006.2.12.117, е проект, финансиран од програмата Интеррег за Прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, која се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени, како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво.

Како дел од активностите, кои се предвивдени за имплементација на проектот, ќе биде и обука за волонтери и млади од Прекуграничниот регион, за справување со природни катастофи, пожари, поплави и слично, со што би се остварило одржливо прекугранично партнерство во полето на превенција и справување со елементарни непогоди.

Буџетот на целиот проект изнесува 397.457,46 евра, односно по 179.317,00 евра за Општина Берово и за Здружението на граѓани “Заедно за Сандански“ од Бугарија.

Во периодот што следи се очекува теренското возило за спасување од природни катастрофи, да биде дистрибуирано до Берово и да биде ставено во употреба.

Проект CB006.2.12.117 “Волонтери преку граница”. Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006. Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*