,,Танец” со незаборавен концерт во Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” синоќа во киносалата во Делчево  ,,Танец” со циклусот наречен „Изворни минијатури“, ја започна својата нова концертна сезона. Во чест на великанот Гоце Делчев, а по повод 150 годишнината од неговото раѓање, ансамблот концертот го  започна со песна во негова чест.

-Како дел од овој музичко-сценски перформанс посветен на изворите, Танец изведе програма конципирана од автентични фолклорни творби, врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот (песни и ора како Адана, Тоска, Трченица, Ситното, и неизоставно формите кои се заштитени во УНЕСКО, како пијанечкото оро Копачка и машкото двогласно пеење од Долни Полог), истакна директорот на Танец, Мартин Вучиќ, апелирајки во иднина повеќе да се вложува во концертни сали за да може и публиката од внатрешноста почесто да биде сведок на вакви концерти.

После овој концерт, додаде дека ,,Танец” ќе настапи и во другите културни центри кај нас.

Директорот на делчевскиот Центар за култура, Методи Толевски истакна дека е презадоволен од настапот на македонскиот културен амбасадор.

-Очекувавме дека ќе има преголем интерес за концертот, јас сум презадоволен сум од изведбата на Танец кој е наш голем културен репрезент на фолклорот, рече Толевски.

По синоќешниот концерт, веќе за в сабота (12 март 2022), установата го најави концерт на локалните уметници Дејан Георгиев – Ѕене и Елена, кои со почеток во 20 часот, со одбран музички перформанс ќе се претстават во киносалата во Делчево. 

Целиот концерт на ,,Танец” ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*