Михаиловска: Продолжуваме со вистинска грижа за пензионерите

Пратеникот во македонското собрание Соња Михаиловска денес присуствуваше на трибина на која како што истакна на својот фејсбук профил ги запозна пензиинерите со новата методологија за пресметка на пензиите.

‘Од септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат по околу 900 денари. Дополнително, како дел од антикризните мерки, за месеците април, мај и јуни секој пензионер ќе добива дополнителни 1.000 денари на својата пензија, истакна Михаиловска во својата објава на фејсбук.

Усогласувањето како што дополни ќе се спроведува на први март и први септември секоја година.

-Со новата методологија за пресметување на пензиите, односно 50% од пензијата ќе се пресметува по основ на трошоци за живот и 50% врз основа на просечна плата, додаде Михаиловска.

Додаде дека и покрај многуте предизвици, врз основа на довербата на граѓаните, како пратеник ќе работи кон насочување во интерес за подобар живот и развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*