
Традиционално на денот на пролетта Општина Делчево во соработка со ЈКП ,,Брегалница” организираше акции за зголемување на зелените површини во градот и за засадување нови садници, акција на која активно учество зеде и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
-Екипи на ЈКП „Брегалница“ од денеска ја започнаa акцијата за засадување нови садници со што се збогатуваат зелените површини, а парковското зеленило ќе добие нов лик во градот. Садниците ги набави Општина Делчево во тендерска постапка при што од Буџетот се одвоени од 336.890,00 денари со вклучен ДДВ. Економски оператор е „Градина цвет“ од с. Владиевци Василево, а набавени се 315 садници од сортите: Katalpa nana 60 садници, tuja smaragd occidentalis 125 садници, tuja smaragd spiral 55 садници, leylandii pom pom 75 садници, информираа од Општината.
Украсните садници кои се засадуваат според надлежните ќе дадат посебен и богат изглед на булеварот кој е фреквентна сообраќајна артерија за транзит на возила за влез и излез од земјава, но секако ќе влијаат и на прочистување на амбиенталниот воздух и со тоа директно придонесуваме кон почиста животна средина.
-Заедно со претходно спроведените акции за засадување, парковското зеленило по должината на главната сообраќајница во Делчево, добива комплетно нов лик и една целина. Исто така, во Делчево ќе се засадат и 20 костени кои Општина Делчево ги доби по пат на донација од „Фарма-органика“ -расадник од Прилеп, кои ќе се засадуваат по должината на ул „Кеј на ослободување“ на потегот до градскиот стадион, додадоа од Општината.
Градоначалникот Трајковски изрази благодарност до „Фарма-органика“ за донираните садници кои ќе ја разубават ул „Кеј на ослободување“и градскиот парк, а наредниот период најавија и уредување на површината на кејот на река Брегалница до пешачкиот мост, каде се планира засадување врби и липи.






Leave a Reply