Загрижен родител од Делчево бара да се истражи случај за лажно подигање кредит во име на неговиот син кој е лице со попреченост

Загрижен родител од Делчево бара да се истражи случај во кој неговиот син Денис Фејзулов, како што тврди е жртва на злоупотреба со подигање кредит. Неговиот син должи сума од над 3000 евра, сума која како податок таткото Невзат ја дознал откако го контактирало женско лице, на личниот телефонски број на неговиот син кое го запознало со случајот.

-Се викам Фејзулов Невзат, татко на Фејзулов Денис, сакам да споделам со јавноста за случајот со мојот син Денис кој гарантирам дека е „измамен“. Среќа што ми се јави женско лице на неговиот телефон и дознав дека тој должи скоро 200 илјади денари, кои се како долг на негово име, а како е тоа можно, не сум зазпознаен. Син ми е со умерена попреченост, бев во полиција од каде ми рекоа дека ништо не можат да ми помогнат, бев во социјалните служби од сабајле ништо и таму не ми кажаа за да ми се помогне, вели загрижениот родител. 

Додава дека неговиот син има примања од 4500 денари и е невозможно да подигне кредит. Затоа бара институциите да се заинтересираат за неговиот случај и да се открие која е позадината за ваквиот случај.

-Сакам да се открие кој стои позади ова, па макар бил и јас инволвиран во таа работа, оти мојот син нема од каде да ги враќа. Како вработен во приватна фирма тој зема околу 4500 денари, сега последниот месец, има некое покачување од 4800 денари. Многу сум загрижен, око не склопив од мисли синоќа. Јас сум пензионер со 10.300 денари, а Денис само тие примања се што ги има, додава неговиот родител Невзат.

Упати порака до институциите и Министерството за внатрешни работи да се позанимаваат со овој случај, бидејки тврди дека има постојат луѓе кои мамат и лажат изигрувајки го сиромашниот народ. Ваквиот случај, како што велат надлежните засега е енигма. Со дополнителни информации најавија дека ќе излезат по утврдувањето на постапкатѕа по кој основ Денис Фејзулов ја должи споменатата сума.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*