
Во Делчево реализирана првата акција за санација на штетите во дел од опожарените подрачја кои минатата година го зафатија Делчевскиот регион. За таа цел денеска вработени во Национални шуми ЈПШС ,,Голак” – Делчево извршија пошумување со повеќе видови шумски садници во атарот на селата кои беа зафатени од шумски пожари.
-Во рамки на денешната акција кај местото викано Браниград, кое беше зафатено од ланските пожари, извршивме пошумување со повеќе видови садници. Пошумувањето се реализираше на површина од околу 2 хектари, со засадени 5000 садници од багрем, јасен и црн бор, информираше директорот на ЈПШС ,,Голак”, Љупчо Петровски.
На овој начин, како што додаде вработени во претпријатието се вклучија и во одбележување на Денот на пролетта, а пошумувањето во соработка со ЕВН ќе продолжи и во наредниот период.
Во минатогодишните пожари, согласно податоците ЈПШС ,,Голак“, на територијата на Општина Делчево опожарена е површина од 2288 хектари шумска површина и дрвна маса од 230.987 метри кубни. Причинетата директна материјална штета на шумско земјиште изнесува 529 милиони денари
Leave a Reply