
Јавната локална библиотека „Илинден“- Делчево, по повод светскиот ден на поезијата, во просториите на библиотеката изложи збирки поезија на наши роднокрајни автори. Покрај збирките поезија како што истакна директорката Биљана Петровска , читателите ќе имаат можност да прочитаа кратка бибографија за роднокрајниот автор, но и по една песна која е дел од збирката која е изложена.
-Секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта и ќе си го средиме домот, училиштето или работното место во чест на денот на екологијата, го прославуваме и Светскиот ден на поезијата.
Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности, рече Петровска.

Делчево имало и има свои поети кои пишувале, пишуваат и создаваат прекрасни книги, прекрасна поезија и затоа како што додаде, задоволство е што библиотеката има дела од свои роднокрајни автори кои може да ги понуди на своите читатели.

-Сите наши читатели кои доаѓаат во библиотеката ќе имаат можност да ја погледнат оваа изложба на збирки поезија на нашите роднокрајни автори, книги кои библиотеката ги има и стојат на располагање на нашите читатели.
Изложивме збирка поезија на вкупно 13 роднокрајни автори.
-„Апокалипса“- Љубчо Георгиевски
-„Вечно жив“-Киро Филиповски
-„Потрага по болот“-Ѓорѓи Џаџов
-„Огледало на мојата младост“-Маја Цврдачка
-„Перцепции“- Перса Стојановска
-„Душа чиста“-Билјана Поповска
-„Градот“- Билјана Начовски
-„Отвори ги вратите“- Сабри Демиров
-„Зад мојот сон“-Васил маневски
-„Под сенката на ветрот“, „Траур“, „Деноноќие“-Стеван Спасевски
-„Помеѓу сонот и јавето“-Христина Деолска
-„Пат и немир“-Спириндон Митевски
-„Самопрегор“, „Бисери душа што греат“- Димитрија Стојчевски. Изложбата ќе трае и во следните неколку денови, рече Петровска.
Leave a Reply