Успешно реализирана пролетната еко-акција во М.Каменица

Успешно реализирана пролетната еко-акција во М.Каменица. Акцијата која ја организиташе Јавното претпријатие ,,Камена Река” по повод Денот на пролетта се спроведе на две локации во градот со засадување на 600 садници багрем, 300 садници јавор и 400 садници јасен.

-Покрај засадувањето на дрвни садници, од страна на вработените во ЈП ,,Камена Река” беше реализирано чистење на излезите од градот кон Кочани и Делчево. Паралелно со овие активности, започна и хортикултурното уредување на повеќе јавни простори во градот, како и акција за уредување на дворовите од детската градинка и двете училишта во Македонска Каменица, информираа од претпријатието.

Кон акцијата се приклучи и градоначалникот Димчо Атанасовски, кој заедно со вработените во општина Македонска Каменица и директори на локалните институции засадија садници кај м.в Падарница.

Засадените садници во денешната акција се обезбедени од ЈП Камена Река, а 200 садници јасен се обезбедени како донација од членот на Совет на општина Македонска Каменица, Слободан Велиновски. 

ЈП Камена Река како што посочија од претпријатието и во наредниот период, според Програмата за јавна чистота и одржување на здрава животна средина во 2022 година има предвидено организирање на редица вакви и слични екоакции. Оттаму упатија благодарност до сите помагатели и учесници во активностите од денешната еко-акција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*