
По повод Денот на пролетта и Денот на екологијата учениците од двете основни училишта организираа еколошки акции.
Во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево под мотото „НИЕ се грижиме за нашата природа – грижете се и ВИЕ” сеорганизираше еколошка акција за расчистување на училишниот двор, но беа засадени и нови садници.

Од училиштето информираа дека во едночасовната еколошка акција беше расчистен училишниот двор од паднатите лисја, но и беа засадени разни видови зимзелени и листопадни садници, донација од ЈП Национални шуми-Подружница „Голак“ Делчево.
Заедно со учениците во акцијата се вклучил и помошнотехнички перспнал, со што акцијата беше успешно изведена до крај.
Еколошка акција беше организирана и во централното ООУ „Св.Климент Охридски“ , како и во попдрачните училишта. Во рамките на акцијата беше организирано чистење на училишниот двор, а беа засадени и садници.

Leave a Reply