
Во Делчево се одржа пригодна свеченост на која беа доделени награди и признанија на крводарителите од Делчево кои дарувале крв по 100, 75, 50, 25 и 10 пати.
Целта на настанот кој Општина Делчево и Општинската организација на Црвен крст на РСМ го организираа по повод Денот на крводарителите и Денот на Црвениот крст на Република Северна Македонија е да се одбележи успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува низ годините, но и да се оддаде признание на крводарителите од Делчево за нивната хуманост и спасените човечки животи.

Доделувајки ги наградите градоначалникот Горан Трајковски кажа дека Делчево е гордо на сите хумани луѓе, посебно на крводарителите кои изразуваат највисок степен на солидарност со сите оние на кои им е потребна крвта, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност.
-Делчево брои околу 300 активни крводарители, бројка која несомнемо мотивира, а со фактот дека минатата година има остварување на планот на собрани крвни едници и тоа од 141 проценти , докажува на кое ниво е доброволното дарување крв во нашата општина. За нивната хуманост, како градоначалник, изразувам благодарност до сите крводарители, посебно до Зоран Глигоров за сто пати дарувана крв, Влатко Димитровски за 75 –пати дарувана крв, за Горан Пановски, Ванчо Миленски, Илчо Дончевски, Борче Стојковски кои 50 пари дарувале крв, но и на сите кои дарувале крв и по 25 пати и 10-пати, рече Трајковски.
Посебна благодарност упати до женските крводарители, кои иако сочинуваат скромни 10 проценти од вкупниот број крводарители, воведуваат нова традиција на крводарување во Делчево и покажуваат дека донирање крв не е само „машка работа“.
Претседателката на ОО на Црвен крст. д-р Билјана Георгиевска и организациониот секретар Ивана Ангеловски во своето обраќање дополнија дека доброволното дарување крв претставува израз на високи етички и морални вредности и спасува животи за што јавно се заблагодари на сите крводарители кои се едни од најуманите луѓе упатувајки апел до младата популација да се приклучат на семејството крводарители, рече д-р Георгиевска.

Д-р Виолета Ѓорѓевска од Институтот за трансфузиона медицина го потенцираше значењето на доброволно дарување крв особено во време на пандемија.
-Иако минатата година беше тешка, година на пандемија, но благодарение на хуманоста на крводарителите, ние успеавме да го натфрлиме планот на крводарување. Собрани се над 1000 крви единици што значи најмлаку 3000 спасени човечки животи, потенцираше д-р Ѓорѓевска.
Опшинската организација на Црвениот крст освен на крводарителите со најмногу дарувања, за изграденото партнерство и за пермаментната поддршка и придонес во реализацијата на активностите на Црвениот крст на РСМ додели благодарница и на Општина Делчево.
Leave a Reply