Започнаа курсевите по турски јазик во делчевското село Тработивиште

Започнаа курсевите по турски јазик во делчевското село Тработивиште. Наставата ќе ја води младиот Ален Зекировски кој пред неколку месеци дипломираше на Катедрата за турски јазик и книжевност. По тој повод Зекировски упати благодарност до турската организација ТИКА, раководството на деветолетката ,,Св.Климент Охридски” и родителите за можноста која му е укажана.

-Јас Ален Зекировски од с.Тработивиште во име на родителите и во име на невладината турска организација ТИКА голема благодарност до директорот Горан Димитровски директор на основно училиште Св. Климент Охридски ДелчевоБлагодарност и до Општина Делчево што ме подржуваат во мојата кариера за да можам на учениците да им држам курс по Турски јазик во с.Тработибиште сите ученици беа заинтересирани за курсот по Турски јазик благодарност до учелиштето што ми ја овозможи просторијата во школото за учениците еднаш неделно да бидат дел од нашиот курс по Турски јазик.Среќен сум што желбата на учениците мои и подршката од родителите ни беше исполнета. Горд сум што моите сограѓани ме подржуваат во мојата кариера, рече Зекировски.

Освен во село Тработивиште вакви курсеви е предвидено да се одржуваат и во пехчевското село Црник.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*