
Делчевецот Томче Ѓорговски имаше одличен шампионски настап на STREET LIFTING ,,SERBIA OPEN 2022″, натпреварување чиј домаќин беше градот Ниш каде нашиот претставник се здоби со титулата апсолутен шампион до 16 години.
Во оваа прилично нова дисциплина Ѓорговски освои 7 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали како и пехар за ,,најголем тотал” од 298,25 кг и нај јак ,,дипс” од плус 106,25 килограми.
1 one rep max (чучањ) 135 кг – 2 место
2 orm dips 106.25 кг – 1 место
3 pull up orm 52.5 кг – 3 место
4 dips reps so 25кг 31 dips (27 признаени) – 1 место
5 pull up reps so 15кг 11 reps
6 (чучањ) reps so 70 кг 28 направени (25 признаени) – 2 место
Најголем тотал за кадети до 16 години од 298,25 кг.

Томче Ѓорговски е роден на 1 март 2006 година. Со STREET WORK OUT започнал да се бави од октомври 2017 година, па потоа преминува, во STREET LIFTING спорт со кој интензивно се бави во последната година, што значи дека веќе 4 ипол години е преокупиран со овие спортови.
Честитки за успехот кој го постигна на Србија Опен 2022 во Ниш, а воедно му посакуваме уште повисоки дострели во наредниот период.
Во продолжение сегменти од настапот на Ѓорговски
Leave a Reply