
Патриотките од Делчево со нова победа, вкупно 9-та по ред. Во М-16 во Кавадарци делчевки денес славеа против домашниот тим на Трокал со убедливи 46:67.
Шампионките од Делчево како што истакна тренерот Љупчо Петровски на фејсбук се во одлична форма.
Рутинирано го надминаа солидниот тим на Трокал, сите девојки покажаа одлична игра, предводени од капитенката Ана Ангеловска. Браво девојки, се гордеам со вас, истакна Петровски.

Leave a Reply