
Здружението „King’s of the road’s“ ги започна подготовките за 6-тата изложба на олдтајмери која кон средината на месец април годинава ќе се одржи во Делчево. Како што истакна престедателот на здружението Лоренцо Трајановски, за што поуспешна организација, денес со членството се дефинираа активностите за традиционалниот настан на кој се очекува присуство на „олдтајмери“ од повеќе балкански земји.

-Овде сме на локацијата Баткова Чешма каде ги договараме деталите за настанот кој ќе се одржи на 17 април годинава. Тука сме да ги слушнеме сите предлози за да биде поуспешен настанот кој се надеваме ќе биде побогата од претходната година. Имаме најавено колеги и пријатели од Бугарија, Грција и Србија и очекуваме околу 100 возила да дојдат оваа година, рече Трајановски.

Во рамки на настанот како и претходните години предвидено е доделување на награди за учесниците во повеќе категории.
-Имаме пехари, помали награди слични на пехари кои деновиве треба да ги добиеме, исто како и плакатите и пропагандниот материјал. Годинава по 3 пат сме запишани во календарот на балкански настани од ваков тип. Новитет годинава е што освен дефилето со возила и доделувањето награди, настанот за прв пат ќе биде збогатен и со настап на рок група, додаде Трајановски.
Еден од најмладите учесници кој наголемо се подготвува да учествува на настанот е младиот Никола Тодоровски од Делчево.

-Јас годинава подготвувам застава 101 лукс, произведена 1977 година. Колата сега скоро ја искрфивме, исфарбавме и почнуваме да ја составуваме. На сите кои имаат желба им порачувам дека ова е многу убаво хоби и кој има можност нека почне да реставрира, истакна Тодоровски.

На крај од денешните подготовки организаторите на настанот упатија отворена покана до сопствениците на олдтајмери доколку имаат слободно време да дојдат на 17 април во Делчево и да го претстават својот стар автомобил на 6-тата изложба на олдтајмери.
Leave a Reply