Промовирана првата книга со детски афоризми од Миле Ѓорѓијоски

Во Македонска Каменица промовирана првата книга со детски афоризми „Палави афоризмичиња“ од познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски. Во рамки на настанот кој се реализираше во организација на Културно-информативниот центар „Романса“, беше претставена и изложбата на детски илустрирани афоризми од познати македонски карикатуристи. 

-Во Македонска Каменица доаѓав уште пред 30 години со „Експерименталното театарче“ и мило ми е што првата промоција на „Палави афорзимичиња“ се одржа во овој град. Ова е прва книга со детски афоризми, но тука промовиравме и други три едиции детски афоризми. Посебно ми е драго што имавме учество на околу 200 дечиња, кои беа вклучени во едукацијата како се прави афоризам, како и во изготвувањето на илустрација, рече авторот Ѓорѓијоски.

Свое учество во настанот зеде и познатиот карикатурист Миле Манчевски – Милман

-Ова со децата треба да се негува и понатаму, бидејки има многу таленти, особено во делот на карикатурата, рече Манчевски.

Директорот на установата Гоце Стојановски, приликата ја искористи да го најави следниот културен настан кој претстојниот четврток ќе се одржи во М.Каменица.

-Благодарност за учесниците во денешниот настан кој помина одлично. Приликата ја користам да најавам дека во четврток  ќе биде отворањето на Ликовната колонија „Св.Пантелејмон“, за што ги поканувам љубителите на уметноста да повелат на отворањето кое е закажано за 13 часот, рече Стојановски.

Следната промоција на првата книга со детски афоризми е најавена за в петок во Пехчево. в.с/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*