
Започна реконструкцијата на дел од дистрибутивната водоводна мрежа на ул „Плачковица“ во Делчево.
Реконструкцијата опфаќа замена на старите азбестни цевки со полиетиленски во должина од 400 м на дел од обиколната линија, крак 4 кој води за индустриската зона. Вредноста на работите изнесува 1.976.840,92 денари без вклучен ДДВ, односно 2.332.672,28 денари со вклучен ДДВ.
Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски во рамките на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите од каде се обезбедени 2.000.000 денари, а останатите средства се обврска на Општина Делчево.
Изведувач на работите, како најповолен економски оператор, е ПАНЕЛ-М Мехаз ДООЕЛ Тетово.
Со оваа интервенција на водоводната мрежа во Стариот дел на Делчево ќе се превенираат честите дефекти на мрежата, загубите на вода ќе се сведат на минимум, а ќе се подобри и квалитетот на водата за пиење.

Leave a Reply