
Во бугарскиот град Сандански, во тек заедничкиот состанок на Заедницата на општини на Република Бугарија и Република Северна Македонија во рамките на Програмата за прекугранична соработка за периодот 2021-2027 година.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој е учесник во настанот истакна дека целта е да се запознаат претставниците на општините од Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион како и општините од областите Благоевград и Ќустендил со резултатите на Програмата за прекугранична соработка за периодот 2014 -2020 година.

-На средбата исто така ги презентираме досегашните резултати и со партнерските општини од соседна Бугарија се подготвуваме за новиот повик за искористување на средствата од инструментот ИПА за прекугранична соработка, истакна Трајковски.
Резултатите како што додаде ќе бидат претставени од страна на градоначалниците на сите општини кои имаат добиено и реализирано проект од ИПА програмата.
На состанокот учествуваат и министерот за локална самоуправа Горан Милевски како и бугарскиот премиер Кирил Петков.

Leave a Reply