
Утре со почеток во 17 часот во спортската сала „Методи Митевски – Брицо“ дерби на првата Б лига во која екипата на ЖКК „Патриот“ од Делчево го напаѓа 2 место на табелата, натпревар по кој ќе се знае дали ќе игра бараж или ЖКК „Гризли“ директно ќе влезе во Првата лига.
Доколку нашите кошаркарки забележат победа од 13 поени разлика, во тој случај ЖКК „Трокал“ е прв, додека екипата на Гризли испаѓа. Повеќе од значаен натпревар за што од домашниот табор упатија отворена покана до сите љубители на спортот да го проследат овој супер интересен натпревар.
https://www.facebook.com/lpetrovski1/posts/4942340365833792

Leave a Reply