Јавен повик за прибирање стари фотографии со мотиви од Пехчево

Општина Пехчево објави јавен повик за прибирање на фотографии со мотиви од старо Пехчево. Како што информираше одговорното лице од општината Живко Каликов, по прибирање на фотографиите ќе биде извршено нивно печатење со организирање на изложба за време на Фестивалот на дувачки оркестри кој за патронот на градот ќе се одржи во Пехчево.

-Фотографиите од старо Пехчево често ги наоѓаме од повеќе места, колекционери на фотографии, семејни фото албуми, книги, фотографии кој се прикачуваат на социјални мрежи, итн. Со цел прибирање на овие фотографии на едно место, општина Пехчево, објавува повик до сите граѓани кои поседуваат било какви слики од старо Пехчево, (спомени од минатото – културни, историски и природни убавини), предмети, писмо итн… да ги достават до локалната самоуправа, истакна Каликов.

Фотографиите како што додаде треба да се доставуваат до Архивата на општина Пехчево, а рокот на поднесување на фотографиите е до 05.05.2022 година.

-Фотографиите исто така можат да се пратат на електронската адреса gradonacalnik@pehcevo.gov.mk или opstina_pehcevo@t.mk. По завршувањето на изложбата истите ќе бидат поставени во Домот на културата „Јане Сандански’’, при што секој граѓанин или посетител може да остави свој белег на оваа изложба, додаде Каликов. 

Пехчево како административно значаен град бил цел и на многу патеписци и од тука очекувањата на организаторите се да се соберат поголем број фотографии со цел изложбата да биде успешна. Јавниот повик е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Пехчево, Одделението за ЛЕР при општина Пехчево.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК КЛИКНИ ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*