Пригодна свеченост по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, Општина Делчево денеска организира пригодна свеченост со почеток во 16 ч. во фоајето на Спомен-дом АСНОМ.

Во рамките на свеченоста, пригодно обраќање ќе има градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, како и советникот во Канцеларијата на Претседателот на  Владата, Аксел Ахмедовски, а ќе бидат доделени и паричните награди за најдобри ученици Роми во трите образовни институции во Делчево.

Покрај кратката програма подготвена од ученици, ќе биде приемиерно прикажан и документарниот филм „Небо – Точак – Земја“нè не потесетува на минатото, туку филмот отвора нова перспектива на историјата на Ромите.  Сценарио: Зоран Димов / Рамуш Муарем – Цирко, продукција  на  СП БТР, Копродукција: Студио 7. Документарниот филм е финансиски поддржан од Филмски Фонд на Македонија. Снимен во: Бугарија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Индија,  Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Шпанија, Шведска и Турција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*