
Најавените штрајкови да не го прекинат процесот на полагање Државна матура, бидејки истата е врзана со рокови и ќе биде на штета на сите инволвирани. Ова во изјава за медиумите при денешната посета на делчевската гимназија го истакна директорот на Државниот испитен Центар, Елизабета Наумовска како одговор на најавите за прекинување на Државната матура, како резултат на најавениот штрајк во образованието.
-Она што го слушнав од Јаким Неделков дека ќе се прекине и полагањето на матура, јас би сакала, наставниците да не сфатат, бидејки и јас доаѓам од Средно училиште како наставник, да им излезат во пресрет на сите матуранти да продолжат со полагање на проектната задача и понатаму со полагање на интерните и екстерните испити од Државна матура бидејки сме врзани со рокови, рече Наумовска.

Додаде дека како Државен центар ќе им излезат во пресрет на сите матуранти и училишта, со цел и оваа година во услови на пандемија, полагањето Државна матура навремено да биде организирано.

-Државниот испитен центар во голема мера е при крај со привршување на сите обврски, задачи и подготовка на испитниот материјал за Државна матура. Во постојан контакт сме со сите училишта, со сите матурски комисии, меѓутоа и со Сојузот на средношколци со кои се договоривме да се полагаат во услови на пандемија два екстерни испити, два интерни испити и проектна задача. Во училиштата во моментот во тек е полагање на проектна задача и затоа повторувам и ги повикувам и наставниците во интерес на нашите деца матуранти, на кои полагањето матура им е лично за нивната иднина каде понатаму ќе го продолжат високото образование, иако најавуваат некакви штрајкови, да не го прекинат полагањето Државна матура, додаде Наумовска.
Директорката на Државниот испитен центар во рамки на посетата на Делчево изврши мониторирање на Меѓународното ПИСА тестирање, кое се спроведе во гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо”.
Leave a Reply