Делчевската библиотека ги одбра учесниците на ДПФ „Мајски цвет“

Искра Георгиевска од ООУ„Ванчо Прке“ и Сара Ангелова од ООУ„Св.Климент Охридски“, се представниците од ЈЛБ„Илинден“ на ДПФ „Мајски цвет“.

ДПФ„Мајски цвет“ 2022 година е во организација на ЈОУ„Искра“-Кочани и литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани.Сара и Искра ќе ја представат нашата библиотека со поезија (слободна тема).

Фестивалот е со натпреварувачки награден карактер и библиотеката во Кочани го организира традиционално секоја година.ДПФ„Мајски цвет“ се одржува во текот на месец мај.

Искра и Сара се наши добри и талентирани поетеси и знаеме дека ќе не представат во најдобро светло. Девојчиња, среќно!, се цели во објавата на ЈЛБ „Илинден“ Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*