Во ООУ ,,Св.Климент Охридски” претставен ФИБА проектот за популаризација на женската кошарка

Во Делчево одржан кошаркарски тренинг во рамки на ФИБА проектот, „Нејзиниот свет, нејзин развој“. Домаќин на денешниот настан беше деветолетката „Св.Климент Охридски“, а активностите како што информираше координаторот Саша Димитријевиќ, Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија ги реализира во 35 основни училишта, со цел промоција на женската кошарка во државата.

-Овој проект се одвива веќе 2 години ширум училиштата во Македонија. Одзивот засега е навистина голем и се надеваме дека со овој проект многу поголем број на девојчиња ќе бидат активно вклучени во кошаркарските клубови во Македонија. Проектот е за дечиња од 3 и 4 одделение, значи правиме еден показен тренинг ги запознаваме со начините на кошаркарската игра, рече Димитријевиќ.

Клубовите и одговорните во градот како што додаде треба да ги искористат ваквите тренинзи, со цел младите кошаркарки да не бидат активни само денес, туку да продолжат активно да тренираат кошарка, со надеж дека некоја од нив ќе биде и идна македонска репрезентативка.

Професор Бранко Крстевски кој е стручен соработник во проектот ја поздрави идејата на ФИБА да инвестира во женската кошарка, со цел што повеќе млади да бидат вклучени во тренажниот процес.

-Доказ дека има иднина женската кошарка е и вашиот кошаркарски клуб „Патриот“ кој се натпреварува во Првата Б Лига и младинските конкуренции, што е добро за развојот на женската кошарка, како во Делчево така и во Македонија, рече Крстевски.

За тренерот на делчевскиот кошаркарски клуб „Патриот“ Љупчо Петровски, денешниот промотивен тренинг во голема мера помага за побрз развој на женската во основните училишта и е вистинска анимација за најмладите да тргнат на што помала возраст со кошарката, со цел да имаат што подобар понатамошен социјален развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*