ЈЛБ ,,Илинден” подготвува книга за Делчево базирана на сведоштва на граѓани забележани од проф. Драган Арсовски

Објава на Јавната локална библиотека ,,Илинден”:

Почитувани:

Во изминатиот период ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, секој четврток на својата фб страница, споделуваше сеќавања (сведоштва) од наши сограѓани, за животот во општината во минатото од пред турско време до НОД во Пијанец.

Сите тие сведоштва ги собирал нашиот покоен сограѓанин и професор Драган Арсовски, а во ракопис, неговата сопруга Лимонка, авторското право над сите нив (кое за жал го испочитува само порталот delcevo365.mk) го даде на ЈЛБ „Илинден“.

Библиотеката сите тие сведоштва од ракопис ги стави во електронска форма и секој четврток споделувавме по едно сеќавање. Минатиот четврок беше последното сеќавање. Со оглед на тоа што сите тие сеќавања предизвикаа голем интерес кај Делчевци, ЈЛБ „Илинден“, одлучивме сите тие сеќавања и предходната книга на Арсовски „Црквите и манастирите во Пијанец“, која не е отпечатена, да ги собереме и да ги отпечатиме во една книга некаде кон крајот на годината.

И Делчево и ЈЛБ„Илинден“ заслужуваат да имаат книга која ќе ги собере и ќе ги чува од заборав сите тие податоци и факти кои што се навистина вредни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*