Палеонтолошкиот локалитет Стамер се почеста мета на туристите од земјава и од странство

Палеонтолошкиот локалитет Стамер се почеста мета на туристите од земјава и од странство. Мештаните од делчевското село велат дека периодично, особено за време на викендот доаѓаат посетители разгледувајки го блискиот музеј и достапните информации за откриените праисториски фосили од животни кои живееле на овие простори.

Локалитетот денес го посетија ученици од Пирот и Делчево, во рамки на првата училишна размена како дел од проектот „Супер училишта“. Ученикот Лазар Нијиќ изрази задоволство што имаше можност да научи нешто повеќе на темата историја.

-Од она што го слушнав научив дека тука имало некои животни кои ги немало на други места. Токму тоа е и целта на овој проект да се запознаеме со интересни факти кои сега ги дознавме, истакна Нијиќ.

Проектот кој ги зближи улениците од Делчево и Пирот како што додаде гимназијалецот Мартин ги оправудва очекувањата бидејки преку истиот дознаваат важни факти за двете држави.

-Конкретно денес научивме за овие праисториски животни кои иако се карактеристични за други континенти сепак живееле и овде, истакна делчевскиот гимназијалец. 

Стамер е првиот заштитен палеонтолошки локалитет во Македонија каде се пронајдени наоди на пикермиска фауна и геоморфолошки форми. На овој локалитет пред 14 години пронајден е уникатен фосилен материјал, одделни коски и фрагменти од претците на денешните животни, жирафа, коњ со три прсти, свиња, елен, говедо, носорог и хиена, кои се чуваат во  Природнонаучниот музеј во Скопје.

Со цел поголема достапност за туристите Општината наскоро ќе започне проект за реконструкција на патната мрежа до село Стамер, со што локалитетот ќе биде попристапен за посетителите од земјава и странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*