Во Делчево отворена изложбата од 35-тата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски”

Вечерва во Делчево отворена изложбата од 35-тата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски”, Крива Паланка. Изложбата е во организација на Националната установа Центар за култура ,„Никола Јонков – Вапцаров”, а истата како што информираше стручниот соработник Александар Белогаски содржи дела изработени во комбинирани ликовни техники. 

-На изложбата земаат учество седум наши роднокрајни автори и двајца странски автори од кои еден автор од соседна Србија и двајца од Украина. Имаме дела во акрил, масло на платно но имаме и инсталација од три скулптури, тирптик што е во склоп на модернизмот, рече Белогаски.

Меѓународната ликовна колонија љубителите на уметноста ќе можат да ја видат во наредните 7 дена во фоајето на Спомен дом АСНОМ.

-Изложбата од 35-тата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски”, Крива Паланка инаку е превземена од Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани, благодарност за нивната соработка и се надеваме дека ова ќе стане како некоја традиција и во иднина во Делчево да ги презентираме делата и од оваа установа, додаде Белогаски.

Следниот настан кој го најавија од од делчевскиот Центар за култура е од музичко-сценската дејност и истиот е предвиден за време на Велигденските празници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*