Одржана 6-тата Ревија на олдтајмери во Делчево

Во организација на здружението ,,King’s of the road’s”, во Делчево се одржа 6-тата Ревија на олдтајмери на која учествуваа над 100 возила од Македонија, Бугарија и Србија. Претседателот на здружението Лоренцо Трајановски изрази задоволство од бројката на возила и покрај променливите временски услови.

-На настанот учествуваа колеги од Бугарија, Србија и 15 градови од Македонија. Дојдоа некаде околу 120 возила што за нас е вистински рекорд. Ова ќе биде стимул да продолжиме со организација на овој традиционален настан и во иднина, рече Трајановски.

Наградата за најстар автомобил, замина во рацете на Митко Стојчев од Бугарија за неговиот ,,ДОЏ”, додека за најмлад учесник годинава беше прогласен младиот Давид Златковски.

-На овој настан учествувам со Лада 1600 ,,специјал”. Автомобилот е во лично сопствеништво на дедо ми и секојдневно го возиме, истакна Златковски.

Од годинава активно учество во организација на настанот, зеде и Олдтајмер федерацијата на Македонија.

-Земавме активно учество во смисла со оценување со проверки и контрола на квалитетот на реставрација. Во текот на оваа година ќе се организираат 4 изложби со државно значење кои ќе се бодуваат за Државното првенство за олдтајмери, истакна претседателот на федерацијата Мојсие Милосављевски.

Освен за најстаро возило и најмлад учесник, во рамки на настанот чиј покровител е Општина Делчево беа доделени награди и за најдобро реставрирано и нереставрирано возило, а беа доделени благодарници за сите кои ги претставија своите возила во рамки на изложбата во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*