Крводарителска акција во Берово

Во Берово се одржа крводарителска акција во која граѓанството ја покажа хуманоста на дело. Како што истакна секретарот на Општинската организација на Црвен крст, Љубинка Димитровска, бројката на собрани крвни единици во досегашните акции од почетокот на годината се движи согласно очекувањата.

-Денешната акцијата се одвиваше доста добро, има голем одзив на крводарители, минатата акција беше со 63 дарувања, а денес одзивот е поголем, рече Димитровска.

Денешната акција помина во знакот на припадничките на понежниот пол кои беа помасовни од доброволните крводарители-мажи.

-Дарувам по 17 пат и преубаво е чувството. На младите им препорачувам да продолжат по нашите стапки, рече крводарителката Руменка Штрбевска.

Беровчанката Маја Двојаковска со крводарување започнала во 2018 година и досега како што изјави има дарувано 8 пати. Нејзината порака е сите кои не го доживеале ова хумано чувство да пробаат и да спасат нечиј живот. 

Годишниот план за крводарување на Црвен крст Берово е 600 крвни единици, бројка која како што истакнаа од Општинската организација и покрај пандемијата во последните неколку години е остварена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*