Роднокрајното одделение на ЈЛБ ,,Илинден” збогатено со дела од Елена Кожухарова

Роднокрајното одделение на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, од денес е збогатено со нови наслови. Десет наслови од Елена Кожухарова веќе се на полиците на библиотеката и достапни за нашите читатели.

-Елена Кожухарова е родена во Делчево 1945 година, а почина во јули минатата година. По молба на нејзиниот син Емил, кој боледува од тешка болест, книгите на неговата мајка да бидат дел од книжниот фонд на библиотеката во нејзиниот роден град, книгите веќе се тука и како библиотката сме горди што бројот на наслови од роднокрајни автори е се поголем, се вели во објавата на ЈЛб ,,Илинден”.

Творештвото на нашата сограѓанка Елена Кожухарова како што додаваат ќе продолжи да живее ,да се чита и раскажува и после неа.

ЈЛБ „Илинден“- Делчево упатува благодарност до фамилијата Кожухарови од Штип.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*