Поради дефект на главна водоводна цевка во прекин згрижувањето на дечињата во главниот објект 2 на градинката ,,Весели Цветови” во Делчево

Поради пукање на главна водоводна цевка, од вчера во градинката ,,Весели Цветови” во Делчево во прекин е згрижувањето на деца во главниот објект 2. Како што истакна директорката на установата Билјана Симовска, во моментот се очекува екипи на Јавното претпријатие работат на отстранување на дефектот.

-Претходно се работеше на ,,спасување” на поплавенот материјал и инвентар од наталожената вода. Во моментот ги очекуваме екипите на Јавното претпријатие ,,Брегалница” да почнат со работа на дефектот, на кој претходно поради сериозноста на поплавата не можеше да се интервенира, истакна Симовска.

Ова според директорката се тешки времиња за градинката, ситуација која никој не можел да ја предвиди.

-Среќни сме што не настанала поголема катастрофа и што нема жртви. Големо благодарам за пожарникарите кои беа дежурни во моментот кога настана дефектот, на ЈКП ,,Брегалница”, на Дирекцијата за заштита и спасување, на вработените и на најмногу на родителите кои имаат разбирање, додаде Симовска.

Градинката како што додаде по справувањето со овој предизвик, ќе продолжи да работи нормално и со алтернативни решенија кои постојат на сметка на големите штети на грејниот систем во котларата.

По отстранувањето на дефектот како што додаде родителите ќе бидат известени кога повторно објектот ќе биде оспособен за згрижување на дечиња.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*