,,Велигденско шаренило” оваа сабота во М.Каменица

Културно-информативниот центар ,,Романса” и Културно-уметничкото Друштво „Вера Јоциќ“ од М.Каменица по повод Велигденските празници организираат фолкорна смотра „Велигденско шаренило“.Како што информираат од Културно уметничкото друштво од Македонска Каменица, настанот ќе се одржи во Домот на култура со почеток од 19:00 часот, во сабота на 23.04.2022 година.

Покрај настапите на КУД „Вера Јоциќ“, публиката од Македонска Каменица и регионот, ќе може да ги проследи точките и на Фолклорниот ансамбал „Љупчо Сантов“ од Кочани и КУД „Јане Сандански“ од Ново Село. Влезниците по цена од 70 денари, како што стои во текстот од соопштението на КУД „Вера Јоциќ“, ќе можат да се подигнат секој работен ден, во периодот од 17:00 до 20:00 часот, во просториите на Друштвото при Домот на Култура. Билети ќе се продаваат и на самиот влез пред почетокот на фолклорната смотра.

ЛИНК ДО ВЕСТА ОВДЕ

https://fb.me/e/2mkx2JF5V

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*