
Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево со низа активности одбележан 23 април светскиот ден на книгата и авторското право. Во рамки на настанот, како што информираше директорката Биљана Петровска, библиотека ги избра читателите на годината.
-Традиционално на овој ден, ЈЛБ „Илинден“ во чест на двајцата великани на светската книжевност Вилијам Шекспир и Мугуел де Сервантес кои со своите дела го задолжија човештвото избира читател на годината. И овој пат избравме најчитатели одразлична возраст. Титулата читател на годината ја понесоа Виолета Атанасовска, Елена Димитровска и од најмалите Теодора Митевска и Маринела Захариевска. Честитки до сите нив, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели, рече Петровска.

Во рамки на настанот во соработка со Комисијата за еднакви можности и родова еднаквост при општина Делчево, библиотеката организираше и трибина на тема авторско право.

-На трибината учествуваа Сузана Петровска од Комисијата за еднакви можности, а стручно обраќање на тема „Авторско право“ имаше Катерина Антовска- магистрант по авторско право, која имаше прекрасно излагање за авторското право кое подоцна создаде плодна дебата, додаде Петровска.
На крај на настанот Медиумската информативна агенција заедно со локалниот медиум delcevo365.mk и регионалната м-нет тв добија благодарница за досегашното редовно покривање на сите активности што ги реализира делчевската библиотека.
Во продолжение сите изјави од настанот како и одржаната трибина на тема ,,Авторско право”:
Видео изјави од фан страницата на фејсбук:
Leave a Reply