
Делегација на Општина Делчево продолжува со работната посета на Турција во чии рамки градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски оствари средба со градоначалникот на Измир, Тунџ Сојер.
На средбата како што информираше Трајковски главна тема на разговор било традиционалното пријателство меѓу граѓаните на Делчево и Измир, но и перспективите за соработка во повеќе области.

-Посетата на Турција и 6 милионскиот град Измир е одлична можност за промоција на нашето Делчево и презентација на нашите заложби за развој. Воедно, ги претставивме и можностите за инвестиции во Делчево и во државата, а ја искористивме и можноста да ги промовираме новите мерки на Владата за инвестиции, рече Трајковски.
Очекува во најскоро време возвратна посета од пријателите од Измир во Делчево што според него ќе значи и директно запознавање со условите и перспективите за развој на Делчево.
Претходно делегација на Општина Делчево ја посети Општина Кемалпаша, посета од која произлезе иницијатива за збратимување на двете општини.

Leave a Reply