Академскиот хор ,,Мирче Ацев” одржа концерт во Делчево

Академскиот хор ,,Мирче Ацев” од Скопје синоќа со свој концерт се претстави пред делчеваката публика. Настапот како што истакна диргентот Јасмина Ѓорѓеска е втор настап на хорот годинава, концерт кој се организираше во пресрет на првомајските празници.

-Ние традиционално секоја година настапуваме со голема чест во Делчево. На репертоарот имаме композиции со различни музички стилови, започнувајки од македонското музичко творештво, понатаму џез и современи композиции, за да завршиме со сплетови од Квин и АББА, рече Ѓорѓеска.

За директорот на Центарот за култура, Методи Толевски ова е увертира за повеќе концерти кои во летниот период ќе следуваат во Делчево.
-Иако е рано да откриваме ќе кажам дека тоа ќе бидат концерти за различни генерации со што ја уверувам публиката дека летово ќе имаат можност да уживаат во голем број концерти, додаде Толевски.

По Делчево, Академскиот хор ,,Мирче Ацев, продолжува со настапи во Скопје, Ниш и други странски земји.

Концертот delcevo365.mk го пренесуваше во живо, а истиот може да го погледнете ТУКА

Изјави од диригентот и директорот на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” на линкот во продолжение:

https://fb.watch/cIJTq7eKeQ/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*