Во Делчево по 12 пат спроведени активности по повод Неделата на имунизација

Во Делчево по 12 пат спроведени активности по повод Неделата на имунизација. Целта како што истакна Зоран Биковски, програмски координатор на невладината организација ,,КХАМ” која е имплементатор на активностите, е да се подигне јавната свест кај граѓаните за важноста на имунизацијата како најсигурен начин за искоренување на заразните болести. 

-За таа цел денес во Делчево посетивме 18 семејства со новороденчиња, родени од април 2021 до април 2022 на кои им укажавме за важноста од навремената вакцинација, грижата за детското и репродуктивното здравје со цел да предизвикаме и редовни гинеколошки прегледи кај жените, рече Биковски.

Во рамки на активностите како што додаде беше извршена и проверка на здравствените картони со извршена ревизија на патронажните служби од Делчево.

-Во таа насока беше извршена проценка на квалитетот на услугите што се пружаат во домовите на живеење од страна на патронажните служби, со цел понатамошно градење на довербата кон институциите на локално ниво за остварување на правата на здравје, рече Биковски.

За претставникот на Општина Делчево, Игор Жежовски имунизацијата е најважна алка за сочувување на јавното здравје.

-Општина Делчево со задоволство се вклучува во оваа традиционална акција со цел да го светиме вниманието и да фовпотенцираме значењњто на вакцините, додаде Жежовски.

Во активностите за прв пат по 7 години се вклучува и педијатар анагажиран преку здравствен дом Делчево со конкретни упатства за детското здравје и Црвениот крст кои споделија важни насоки во делот на хигиенизацијата бесплатните гинеколошки прегледи кои започнаа во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*