
Започна да функционира првата автоматска метеоролошка станица во Делчево.Мерењата како што истакнаа од Општината ќе се вршат според важечки прописи на Светската метеоролошка организација (СМО) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-Станицата отсега ќе ги чита основните метеоролошки параметри, со што во реален час отсега ќе се знае температурата, влажноста на воздухот, атмосферски притисок, количина на врнежи, сончево зрачење, брзината и правецот на ветерот, истакнаа од Општината.
Автоматска метеоролошка станица (АМС) како што додадоа ја постави УХМР Скопје и е со намена за автоматска обсервација и пренесување на метеоролошките податоци.
-Автоматската метеоролошка станица е поставена на соодветна локација во населбата Шумски расадник во населба Ново Делчево, а актуелните мерни податоци се достапни на линкот кој еобјавен на општинската веб страница , додадоа од Општината.
За реализацијата на овој проект како што додадоа претходно е потпишан Договор за соработка помеѓу Општина Делчево и УХМР Скопје.

Leave a Reply