ЈЛБ ,,Илинден” го одбележа Денот на Македонскиот јазик и азбука

Со низа активности Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево се вклучи во одбележувањето на 5 Мај – Ден на Македонскиот јазик и азбука. Во продолжение објавата на ЈЛБ ,,Илинден” и видео материјалот со изјавата на директорката Биљана Петровска.

-Денеска го одбележуваме 5 мај- денот на македонската азбука и македонскиот јазик.
Јазикот е патоказ на културата, најскапоцената амајлија од нашите предци. Нашиот јазик е нашиот идентитет.Мајчиниот јазик, тоа сме ние. Јазикот не е само зборови. Тој е култура, традиција, унифицираност на општеството, цела историја која го прикажува општеството какво што е. Сето тоа е отелотворено преку јазикот.

ЈЛБ „Илинден“ заедно со образовните институции во градот, подготви кратка приредба во чест на денот на македонската азбука и јазик.
Учениците од СОУ„М.М.Брицо“ и двете ООУ„Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ зборуваа, рецитираа и пееја за мајчиниот јазик. Андреа Димитровска од нашата гимназија читаше реферат за мајчиниот јазик.Учениците од ООУ„Ванчо Прќе“ Искра Георгиевска, Вања Ѓеоргиевска, Александар Анастасов, Даме Ивановски, Стефанија Тодоровска,Антонела Николовска,Клаудија Иванова,Хасна Мемедова,Јована Петровска, имаа рецитал посветен на нашите просветители, преродбеници и современи македонски автори. Потоа на видео бим беше прикажан перформанс посветен на македонскиот јазик.На крај најмалите од ООУ„Св.Климент Охридски“ Дариа Петровска и Марко Јовановски, прво одделение,толку мали а толку поетски моќни, рецитираа за мајчиниот јазик.На приредбата покрај другите гости,присувствуваше и Градоначалникот на општина Делчево,Горан Трајковски.
Ниту си згазен,ниту си украден,
Ниту некој може да те земе
Ниту си свет, ниту пак страдаш
Упорно носиш секакво бреме.
Убав наш јазик!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*