
Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ продолжува имплементацијата на проектот
,,Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (CAPLOCOM)”
Проектот е финансиран од
Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: РД-02-29-68/05.03.2021
Главна цел на проектот е зајакнување на соработката меѓу двете држави за подигнување на свеста на локалните заедници за животната средина, заштита и одржливо користење на природните ресурси.
Втората цел е да се постигне подобрен и синхронизиран капацитет во разбирање и рационално управување со планинските екосистеми, нивните ресурси и услуги.
Период на спроведување: 05.03.2021 – 05.06.2022
Водечки партнер: Локална агенција за економски развој, Разлог, Бугарија
Друг партнер: Институт за шумарство, Бугарска Академија на науки и уметности
Главни активности:
- Организирање меѓународен семинар на тема ”Зголемување на свеста и подготвеност за соработка во градењето на капацитетите на подобро управување со природните ресурси “
- Анализа на влијанието на климата и промената на користењето на земјиштето врз услугите и ресурсите од планинските екосистеми во прекуграничната област
3.Организирање меѓународна обука на засегнатите страни за градење на капацитети за ублажување
климатски промени и интегрирање на концептот на екосистемски услуги
во локалното планирање и управување
- Изработка на долгорочна стратегија за унапредување на
интеграција на концептот на екосистемски услуги во мрежата на заштитени области и
територијален развој на планинските - Меѓународна завршна конференција
- Упатства за спроведување на најдобрите практики за управување на регионално ниво.
Целни групи на проектот се локалните заедници од прекуграничниот регион, научници, претставници на еколошки и младински невладини организации, јавни институции одговорни за управување со природата, шумски стопанства, училишта, универзитети, и други заинтересирани страни од двете земји.
Leave a Reply