
Меѓународниот ден на сестринството во Делчево одбележан со доделување на наградата за ,,Најхумана медицинска сестра”, награда која годинава и припадна на Сузана Панова, медицинска сестра со повеќегодишно искуство во Јавната здравствена установа Здравствен дом ,,Гоце Делчев”.
Наградата во присуство на директорот на Здравствениот дом Зоран Ѓорговски и ја доделија членовите на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри од Делчево кои информираа дека Меѓународниот ден на сестринството годинава се реализира под мотото ,,Ова е наше време”.
-Почетна точка на секој успех е желбата, бидејки за да се влијае врз текот на здравството треба да се биде навистина силен, а да се биде силен тоа значи да се биде медицинска сестра, како што е и слоганот оваа година ,,Ова е наше време”, време на медицинските сестри. Нека ни е честит и вековит денешниот ден, рече Панова по добивање на наградата.
Медицинските сестри од Делчево и од М.Каменица долги години се организирани на ниво на општина и се дел од републичкото здружение преку кое ги остваруваат своите права.
Leave a Reply